Продолжува хаосот во НБА – одложени уште два натпревара

0Shares
0 0

Ситуацијата со корона вирусот во најсилната светска кошаркарска лига се комплицира од ден на ден и нема да биде чудо ако повторно биде воведен локдаун.

По вчерашниот одложен натпревар меѓу Бостон и Мајами, денеска НБА одложи уште два меча: Далас-Њу Орлеанс и Бостон-Чикаго. Првиот е од денешната, а вториот од утрешната програма.

Дуелот меѓу Далас и Њу Орлеанс е одложен поради тоа што Маверикс немаат доволен број кошаркари на располагање. Тројца играчи останаа во Денвер затоа што добија позитивни наоди на корона (Џош Ричардсон, Доријан Фини-Смит и Џејлен Брансон), а во ковид протокол е и Макси Клебер.

Во слична состојба се и Селтикс кои не играа синоќа против Мајами затоа што неколку играчи биле во контакт со заболени од корона.

0Shares
0 0