Продолжува корона хаосот во Евролигата

0Shares
0 0

Откако беа одложени сите девет натпревари од 19. коло, Евролига веќе одложи и пет меча од 20. круг на елитното натпреварување кои треба да се играат на 11 и 12 јануари.

Зенит, Уникс, Црвена Звезда, Басконија и АЛБА пријавија заразени во своите екипи, па нема да се играат нивните дуели против Асвел, Монако, Реал, Анадолу Ефес и Макаби. Со оглед на тоа што претстојната недела се игра двојно коло, нема да биде изненадување ако и во 21. круг има одложени натпревари.

Засега остануваат четири меча од 20. коло кои треба да се одиграат во своите термини, но се може да се случи во следните два дена.

0Shares
0 0