Сениорите се европски и светски прваци, младинските селекции во најголем дел се континентални владетели, на клупско ниво речиси сите трофеи отидоа таму, а од денеска, У19 репрезентацијата на Шпанија е светски шампион, вторпат во својата историја.
🏆CAMPEONES DEL MUNDO🏆#FIBAU19 – @NextGenHoops pic.twitter.com/VwXxLpreRU
— Gigantes del Basket (@GIGANTESbasket) July 2, 2023
Во драматичното финале, „фуријата“ ја совлада Франција со 73-69 по продолжение, потврдувајќи ја со тоа доминацијата на шпанската кошарка на секое ниво. Иако во најголем дел од мечот беше во негатива, а на помалку од две минути пред крајот на основните 40, Франција имапе 63-59, Шпанците не се предадоа и прво се изборија за продолжение, а потоа и за победа. Во последните четири минути, Французите постигнаа само еден поен, Шпанија го искористи тоа и стигна до втората титула.

Првата ја освои во 1999 година, во генерацијата која на површина извади легенди на шпанската, европската и светската кошарка како Хуан Карлос Наваро, Фелипе Рејес, Пау Гасол, Карлос Кабезас, Раул Лопес итн, па може да се очекува и од оваа екипа да излезат многу големи играчи. Бронзата ѝ припадна на Турција која ги совлада САД со 84-70 и ги остави Американците без медал на овој Мундијал, првпат по 2011 година,

За МВП на турнирот беше прогласен шпанскиот репрезентативец Исам Алманса, а во идеалната петорка, покрај него, влегоа уште неговиот соиграч Жодри Родригес, Закари Перан од Франција, Марк Армстронг од САД и Берке Бујуктунџел од Турција.