Програма и распоред на турнирот „Драган Василов Цевка“

0Shares
0 0

На премиерното издание во чест на Драган Василов, учество ќе земат вкупно осум екипи, поделени во две групи.

Во групата „А“ за првото место на собирот во „Јане Сандански“ ќе се борат еден од домаќините, екипата на МЗТ Скопје Аеродром, романскиот Клуж, Академик Пловдив од Бугарија, како и Реал Гуровиќ Академијата од Белград.

Во групата „Б“, освен ко-домаќинот, екипата на Вардар, се уште и екипите на Шопрон од Унгарија, Слован од Словенија, и Црвена Звезда од Србија.

Согласно системот за натпреварување на турнирот, во групната фаза ќе се игра според „Раунд-робин“ системот (секој со секого). А во зависност од позициите по трите одиграни кола, ќе се одредат и мечевите за пласман кои на програмата се на 12. септември (недела, за кога е предвидено и свеченото затворање на турнирот посветен на нашето големо тренерско име, Драган Василов.    

МЕЃУНАРОДЕН КОШАРКАРСКИ ТУРНИР „ДРАГАН ВАСИЛОВ-ЦЕВКА“ ЗА КОШАРКАРИ „ПОД 16“ ГОДИНИ
ЕКИПИ У ЧЕСНИЦИ

ГРУПА „А“
МЗТ Скопје Аеродром (Македонија)
Клуж (Романија)
Реал Гуровиќ Академија – Белград (Србија)
Академик Пловдив (Бугарија)

ГРУПА „Б“
Вардар (Македонија)
Црвена Звезда – Белград (Србија)
Слован (Словенија)
Шопрон (Унгарија)

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
9.СЕПТЕМВРИ (ЧЕТВРТОК):
19.00: Свечено отворање и натпревар во забивање

10.СЕПТЕМВРИ (ПЕТОК): 
09.00: Клуж – МЗТ Скопје Аеродром
11.00: Реал Академија Гуровиќ – Академик
13.00: Слован – Вардар
15.00: Шопрон – Црвена Звезда
17.00: Реал Академија Гуровиќ – Клуж
19.00: МЗТ Скопје Аеродром – Академик
21.00: туристичка прошетка со отворен автобус

11. СЕПТЕМВРИ (САБОТА):
10.00: Вардар – Шопрон
12.00: Црвена Звезда – Слован
14.00: Клуж – Академик
16.00: Реал Академија – Гуровиќ – МЗТ Скопје Аеродром
18.00: Црвена Звезда – Вардар
20.00: Слован – Шопрон 

12. СЕПТЕМВРИ (НЕДЕЛА):
09.30: меч за 7 место (мала сала)
11.30: меч за 5. место (мала сала)
11.00: меч за 3. место
13.00: ФИНАЛЕ 
14.30: Свечено затворање на турнирот

*Натпреварите се играат во големата сала на СЦ „Јане Сандански“ во Скопје

0Shares
0 0