Прва бомба во женската кошарка: Кметовска се врати во Бадел

0Shares
0 0

После едногодишно отсуство, а во пресрет на новата 2021/2022 сезона, репрезентативката Ивана Кметовска се врати во сино-жолтата фамилија. Со својот квалитет и искуство, Таа ќе биде големо засилување за нашиот сениорски тим во пресрет на настапите во Јадранската WABA лига, како и во домашното првенство.

Потписот  на Кметовска е прв во низата планирани засилувања, за што поконкурентен Бадел во настапите на меѓународната сцена. Минатата сезона таа ја помина во Баскет Кам со кој ја освои двојната круна во домашната кошарка.

Најквалитетниот и најтрофеен женски кошаркарски колективво земјава, со своите настапи и делување, очекува претстојната сезона да го даде својот максимален придонес кон подигнување на квалитетот на женската кошарка, популаризација на овој спорт помеѓу младата популација, како и во процесот на воспоставување на критериуми и стандарди за напредок на женската кошарка во целина.

Мотив плус ќе биде настапот во регионалното натпреварување што ќе биде од големо значење за младите кошаркарки, а и за афирмацијата на женсата кошарка во Македонија.

0Shares
0 0