Прва победа на ИУПУИ, одлична игра на Пандев

0Shares
0 0

ИУПУИ Универзитетот ја оствари првата победа сезонава во НЦАА лигата откако на домашен терен го победи Сполдинг со 61-41.

Свој голем придонес во триумфот даде македонскиот интернационалец Димитар Пандев кој доби 16 минути во игра и за тоа беше еден од подобрите. Постигна седум поени со една тројка од три шута и 2/3 за два, а оствари уште четири скока, две асистенции и една украдена топка.

„Конечно, по операцијата ми е дозволено да играм повеќе од 15 минути. Подготвен сум 100% и се надевам на уште поголема минутажа и подобри игри“, изјави Пандев по победата.

Во досегашниот дел од сезоната, струмичанецот одигра пет меча и бележи прогрес од натпревар во натпревар. На ИУПУИ не му оди најдобро и во првите пет настапи има само една победа.

0Shares
0 0