Пукна бомбата: Маслинко слета во Тафталиџе

0Shares
0 0

Еден од најбараните македонски кошаркари во летниот преоден рок Андреј Маслинко, одлучи својата кариера да ја продолжи во тимот на ТФТ.

Македонскиот репрезентативец, кој една година принудно паузираше поради тешка повреда, имаше понуди уште од МЗТ Скопје и Работнички, но ја прифати онаа од клубот од Тафталиџе. ТФТ во новата сезона ќе игра во ФИБА Еврокупот и во БИБЛ лигата што беше доволно голем предизвик за 24-годишниот крилен играч.

МЗТ Скопје беше упорен до последниот момент, но не успеа да го убеди Маслинко да остане во Аеродром по четирите години поминати во Аеродром.

Маслинко е четврто засилување за ТФТ во пресрет на новата сезона, по Американците, Морнинг и Џон и поранешниот играч на Вардар, Виктор Ташовски. Во меѓувреме ги продолжи договорите со голем дел од играчите од претходната сезона кои и во следната треба да го сочинуваат костурот на екипата.

0Shares
0 0