Работнички без американските кошаркари во последните четири кола

0Shares
0 0

Најтрофејниот македонски клуб го обезбеди опстанокот во Првата лига и одлучи во финишот од сезоната да им даде можност за поголема минутажа на помладите кошариари.

За таа цел, прекината е соработката со американските интернационалци Дион Едвин и Џејлен Гади кои веќе го напуштија Скопје. Двајцата не беа во комбинација за вчерашниот настап против Кожув, а ќе ги пропуштат и последните три кола во кои Работнички игра со Ангели, Куманово и Навико Академија ФМП.

Едвин и Гади го засилија Работнички во февруари, првиот одигра десет, а вториот 12 натпревари во Првата лига. Едвин беше фантастичен на почетокот, но пред крајот на престојот во Скопје дојде до пад на неговата форма. И покрај тоа, сезоната ја заврши со просек од 20 поени, 8,9 асистенции и 5,5 скока. Гади не беше на тоа ниво, просечно постигнуваше по 8,5 поени, 2 скока и 1,4 асистенции со индекс 4,8.

За разлика од двајцата Американци, Стефан Балмазовиќ останува во Работнички и ќе ги доигра последните три натпревари во плејаутот.

фото: КФСМ

0Shares
0 0