Работнички донесе уште еден странец!

0Shares
0 0

Неколку часа по натпреварот против Куманово, Работнички го договори американскиот интернационалец Иван Аска.

Станува збор за 30-годишен играч на позициите 4 и 5, а соработката со него за kos.mk ја потврди и раководството на скопскиот клуб. Аска треба да пристигне во Скопје в четврток и да му се стави на располагање на тренерот Димитар Мираковски за пеколниот распоред во претстојните два месеца.

Последна станица на Аска бил израелскиот клуб Хапоел Хевел Модин каде имал ефект од 21 поен и 8,6 скока по натпревар. Претходно играл и во Грција, Франција, Јужна Кореја, Порто Рико и Белгија.

Меѓу другото, тој е и државјанин на Девствените Острови за кои играл во квалификациите за првенството на Америка во 2022 година. На четири меча имал просек од 20,5 поени и 8,8 скока.

Со Аска, Работнички сега има шестмина странци: Бундовиќ, Мулалиќ, Балмазовиќ, Питс и Торнтон. Засега нема најави дека некој од нив ќе си замине.

0Shares
0 0