Работнички го крена гласот: Зошто не нема на турнирот за Цевка?

0Shares
0 0

Клубот каде Драган Василов помина најголем дел од тренерската кариера, јавно го изрази своето незадоволство од тоа што го нема меѓу учесниците на претстојниот меморијален турнир што ќе се одржи од 9 до 12 септември во СЦ „Јане Сандански“.

Организатор е Општина Аеродром, во соработката со МЗТ Скопје, КФСМ и МОК, а на него ќе учествуваат кошаркари на 16-годишна возраст, категорија во која Работнички минатата сезона ја освои титулата на државното првенство.

Соопштението од КК Работнички го пренесуваме во целост:

„Сакаме, пред се, да ја поздравиме и поддржиме одлуката да се направи турнир во чест на прерано починатиот Драган Василов Цефка.

Сепак, сметаме дека е огромен пропуст тоа што на овој меѓународен турнир не е поканет и клубот во кој Цефка ја помина речиси целата своја тренерска кариера. Каде беше тренер на преку 1000 момчиња на возраст од 14 па се до 18 години.

Низ неговите раце поминаа бројни познати кошаркари и македонски репрезентативци, пред сè од школата на Работнички, како Перо Антиќ, Емил Рајковиќ, Ѓорѓи Чековски, Александар Јончевски, а во младинските селекции и Димитар Мираковски, Златко Гоцевски, Александар Антиќ, Кирил Павловски. Сите во времето кога Цефка беше во Работнички.

Бараме федерацијата и Oпштина Аеродром да ни обjаснат која е причината поради која Работнички и неговите У16 ТИМ не добија покана на овој турнир на кој му се оддава чест на нашиот ЦЕФКА!“

0Shares
0 0