Работнички го знае својот следен противник, МЗТ ќе почека уште неколку часа

0Shares
0 0

До крајот на основниот дел од АБА 2 лигата останува да се одигра уште еден натпревар и тоа градското дерби меѓу Студентски центар и Подгорица.

Тој натпревар решава за горниот дел од табелата, односно плеј-офот, но нема никакво значење во плеј-аутот каде веќе се знаат двојките за полуфиналето. Работнички заврши со биланс 5/8, исто како Широки, Горица и Ловќен, но во кругот со нив има трет најслаб биланс и го освои 11. место. Негов ривал во следната фаза ќе биде Хелиос кого на последниот турнир на Златибор, ја совлада минимално со 67-66

МЗТ Скопје ќе го дознае својот противник по одигрувањето на подгоричкото дерби. Ако слави Студентски центар, нашиот тим ќе го освои петтото место и во четвртфиналето ќе игра против Младост Земун. Многу повеќе му одговара да победи Подгорица бидејќи така ќе го избегне Студентски центар во евентуалното полуфинале, а ќе игра со Борац Бања Лука која ја прегази на првиот „балон“ со 99-75.

0Shares
0 0