По пауза од шест години, македонскиот репрезентативец Андреј Маслинко би можел да се врати во клубот каде ја почна професионалната кариера.
Долго време, уште од минатата сезона, трае интересот на Работнички за него, но вечерва извршниот директор Горан Веселиновски имаше средба со Маслинко на која главна тема е можната соработка. Откако се среди на финансиски план со неколку силни спонзори, 15-кратниот шампион на Македонија е решен да се врати на старите патеки и за идната сезона веќе планира тим кој сериозно ќе му парира, па можеби и ќе доминира во однос на МЗТ Скопје.
Маслинко веќе беше член на Работнички во сезоната 2016/17, но најголемите успеси во кариерата ги оствари како играч на МЗТ Скопје, во периодот од 2017 до 2021 година. Минатата сезона ја подели во Гостивар и Пелистер, но покажа голема зрелост и напредок во играта и ако ја прифати понудата од Градски парк, сигурно ќе биде големо засилување за Работнички.