По иницијатива на хрватскиот прволигаш Горица и босанскиот Широки, која ја прифатија и другите клубови, АБА одлучи да нема плеј-аут во втората дивизија.
Ваквото барање беше испратено поради фактот што дел од екипите не беа во можност да ја играат сезоната со најдобрите состави, а како последица на корона вирусот. Горица го пропушти првиот, а Работнички вториот турнир, но уште неколку тимови не играа комплетни, како Младост на отворањето на сезоната и МЗТ Скопје на последниот турнир.
Тоа значи дека Работнички нема да има повеќе обврски во регионалното натпреварување и ќе може да се насочи кон домашното првенство и Купот на Македонија.