Работнички од -16 до +15 за 18 минути

0Shares
0 0

Екипата на Работнички стигна до петтата победа на домашен по драматичниот пресврт против Кожув со 100-85.

Победата добива на значење поради тоа што најтрофејниот македонски тим беше во длабока негатива во текот на втората и почетокот на третата четвртина. Кожув не само што го диктираше темпото, туку по две минути игра во второто полувреме имаше највисоки +16 (59-43).

Оттогаш почна пресвртот на Работнички. Во следните шест минути направи 22-6 за израмнување на 65-65, а на крајот од третиот квартал имаше водство од 73-71. Кожув се држеше уште неколку минути во последната четвртина, до 76-76 кога домаќините постигнаа седум поени во низа, за на четири минути пред крајот на мечот Работнички да направи и двоцифрена предност (89-78), а до крајот само уште ја зголеми високата разлика. Од моментот на највисокото водство на Кожув до крајот на мечот, Работнички направи 57-26.

Двајца кошаркари беа клучни за победата на Работнички. Пол постигна 41 поен, а Мустафица додаде 27 поени и 11 скока за индес 42. Кожув го одржуваа во живот тројца играчи: Вилијамс со 22 поена и 11 асистенции, Симоновски со 20 поени од кои пет тројки и Николовски со 19 поени и 13 скока. Освен нив, се истакна само уиште Граниќ.

0Shares
0 0