Работнички со крајни напори го спречи изненадувањето на сезоната

0Shares
0 0

Турбуленциите што се случуваат деновите во најтрофејниот македонски кошаркарски клуб, многу лесно можеа да се одразат на резултатите во првенството.

Денеска од екипата си замина Карло Враговиќ, има најави дека по него ќе си одат и други, па натпреварот против Црн Дрим дојде во релативно лош момент иако се работи за тим од долниот дел на табелата. По 35 минути израмнета игра, на крајот Работнички успеа да го скрши отпорот на стружани и триумфираше со 84-81, за петта победа во шестиот првенствен натпревар сезонава.

За тоа колку сериозен ривал беше денеска Црн Дрим, најдобро зборува фактот што се наоѓаше во водство во поголемиот дел од натпревар, а по серијата од 7-0 и со 11 поени разлика (50-39) на речиси две минути пред крајот на првото полувреме. Работнички врати со серија од 11 поени, подоцна и поведе, но не го скрши жилавиот противник.

Се чинеше дека тоа го направи во последната четвртина, но и кога изгледаше дека е решено прашањето околу победникот, дојде до драма. На шест минути пред крајот на натпреварот беше 72-71 за Работнички по што следуваше низа од 10-0, иницирана од Виктор Ефремовски (шест поени), за предност од 82-71 на помалку од четири минути пред крајот. Во нормални услови, толкава предност би значела сигурна победа за Работнички.

Сепак, Црн Дрим врати на идентичен начин, со 10-0 и во последната минута се доближи на еден поен негатива (81-82). Коне од линијата за слободни фрлања пропушти можност и да израмни. Балмазовиќ подоцна погоди два „пенала“ и стави точка на мечот. На секунда пред крајот Андреј Настовски се обиде со тројка да израмни и да го однесе натпреварот во продолжение, но не беше прецизен.

Балмазовиќ со 23 поени и 10 поени беше прво име во домашната екипа. Вашингтон додаде 16 поени, а Младеновиќ заврши со 11 поени, 7 скока и 8 асистенции. Кај Стружани повторно блесна Каухерд кој реализира 27 поени, а Коне оствари 16 скока.

фото: КФСМ

0Shares
0 0