Раѓа и Ражнатовиќ во вербална војна

0Shares
0 0

Додека трае периодот кој Хрватскиот кошаркарски сојуз (ХКС) им го даде на тамошните клубови да одлучат дали ќе играат АБА лига или Алпе Адриа куп, во тек е војна на зборови на релација Хрватска-Србија.

Во петокот, познатиот српски менаџер Мишко Ражнатовиќ изјави дека ако хрватските клубови се „отцепат“ од АБА, ќе се потруди кошаркарите што тој ги застапува да не играат таму затоа што, како што рече, не би имале соодветна средина за развој. По изјавата на Ражнатовиќ се јави Александар Петровиќ кој беше прилично благ, за разлика од Дино Раѓа кој немаше такво разбирање.

„Изјавата на Мишко е доказ дека АБА лигата се раководи според приватните интереси, а не интересите на кошарката. Да тргнеме по ред: Данко Бранковиќ летово ќе биде слободен играч и тој ќе си оди од Цибона. Кој му е менаџер? Мишко Ражнатовиќ.

Што од тоа има хрватската кошарка? Ќе добие ли Цибона отштета за тоа што со години работела и вложувала во Бранковиќ? Нема. Благодарам, довидување“, изјави Раѓа.

Легендата на хрватската кошарка е категорично против АБА лигата затоа што смета дека Србите се главни во неа и ги одредуваат правилата.

0Shares
0 0