Рајковиќ доаѓа на подготовки во Србија!?

0Shares
0 0

ВТБ лигата планира да организира претсезонски турнир на кој е можност да учествуваат и клубови од Србија, откри претседателот на ЦСКА, Андреј Ватутин.

Тој додаде дека и покрај суспензијата од Евролига, се уште има контакти со евролигашките клубови и дека одржува врски со нив. Она што е интересно е дека ЦСКА сака дел од подготовките да одработи во Србија, една од ретките европски држави каде руските клубови се добредојдени во моментов.

„Можеби ќе поминеме дел од претсезоната во Србија и таму ќе играме пријателски натпревари. Мал е изборот на места каде можеме да одиме, но сепак постојат. Би било погрешно да се подготвуваме само во Русија и затоа ќе ја искористиме секоја прилика“, изјави Ватутин.

Рајковиќ и лани се подготвуваше во нашето соседство, тогаш како тренер на Саратов и неколку натпревари одигра во Србија и Црна Гора.

0Shares
0 0