Рајковиќ ги насмеа присутните: Сега барам одбрана, како кошаркар гледав само да шутнам

0Shares
0 0

Емил Рајковиќ на промоцијата во ЦСКА се осврна на еден од најдобрите елементи во неговата игра како активен кошаркар.

Еден од руските новинари го праша, што е тоа на што најмногу инсистира, односно го бара од своите играчи.

„Како тренер, најмногу од играчите барам да играат што е можно подобра одбрана, но како играч, воопшто не играв одбрана. Бев шутер и гледав само да шутнам зашто тоа ми беше најсилно оружје. Тоа е контрадикторно, но кога си играч, повеќе гледаш за себе, а како тренер, на прво место е екипата и јасно е дека се игра на двете страни“, рече Рајковиќ.

Од неговиот шут профитираше Работнички и тоа кога Рајковиќ имаше само 20 години. На навивачите на клубот од Градски парк уште им се свежи сеќавањата на петтиот натпревар од финалната серија во 1999 година, против МЗТ Скопје. Резултатот беше 2-2, „мајсторката“ се играше во старата „лименка“ во Аеродром, а Рајковиќ блесна со пет тројки и 20 поени и заедно со Врбица Стефанов беше најзаслужен за седмата шампионска титула на Работнички.

0Shares
0 0