Растур-систем во Кисела Вода, Бадел на чекор од остварување на целта

0Shares
0 0

Македонскиот вицешампион Бадел ја оствари и третата победа во ВАБА лигата и дојде на само чекор од пласман во Суперлигата во регионалното натпреварување.

Нашиот претставник по вторпат сезонава го совлада најслабиот тим во својата грпа Бановиќи, сега со 85-55 и се зацврсти на четвртата позиција која обезбедува место во следната фаза.

Со оглед на огромната разлика во квалитет, победата на Бадел во ниеден момент не беше доведена во прашање. По четири минути, нашите кошаркарки имаа 14-3, а првата четвртина ја завршија со серија од 11-0 за 32-11. Највисоката предност македонскиот тим ја имаше во последниот квартал кога водеше со 80-36, за гостинските да го ублажат поразот до краот на мечот.

Одличен натпревар одигра Александра Стојановска која постигна 30 поени со шест тројки од осум шута и вкупен индекс 33. Идната недела Бадел гостува во Хрватска, кај Пламен Пожега, па како што стојат работите, за пласманот во Суперлигата ќе одлучува во последниот меч, против Партизан на 15 декември на домашен терен.

0Shares
0 0