Реал и Партизан соборија рекорд во Евролигата

0Shares
0 0

Малку неочекувано, Партизан успеа да му даде 40 поени на Реал во Мадрид во првата четвртина, а заедно со домаќинот постави нов рекорд на Евролигата.

Двете екипи реализираа вкупно 72 поена (32-40) што е ново најдобро достигнување во елитното натпреварување кога станува збор за воведниот период на еден меч. Досегашниот рекорд го држеа Алба и Реал кои на 6 февруари во Берлин по првата четвртина имаа резултат 25-41 (66 поени).

Сепак, ова не е апсолутен рекорд во Евролигата ако се сметаат сите четвртини. Рекордот и натаму е во сопственост на Нанси и Жалгирис кои на 8 јануари 2009, на меѓусебниот меч од деветтото коло според тогашниот систем, во последната четвртина постигнаа 77 поени (41-36).

Денешниот меч, иако го загуби, историски е и за Партизан кој постигна највисок број поени во една четвртина во својата евролигашка историја. Тоа е и шести најефикасен ефект на една екипа во ова натпреварување, а рекордот го држи Макаби со 43 поени.

0Shares
0 0