Актуелниот европски шампион Реал претставува страв и трепет на почетокот на новата сезона, како во домашното првенство, така и во Евролигата.
Потврда за доминацијата на шпанскиот клуб беше денешниот натпревар против Анадолу Ефес, тим кој освои две од последните три титули во елитното натпреварување. Реал славеше со 103-80 за најлесна победа на четата на Чус Матеа во Истанбул против Анадолу Ефес.
Во првата четвртина Реал водеше со 26-9, турскиот првак успеа да го неутрализира тој удар и со серија од 15-0 да се врати на само два поена негатива, но веќе во вториот квартал мадридсиот тим повторно отиде на убедлива предност која не ја испушти до крајот. И не само тоа, Ефес во ниеден момент во второто полувреме не се симна на помалку од 15 поени негатива.
Јабуселе беше најефикасен кај Реал со 22 поена од кои 16 во првата четвртина. Томпсон го предводеше Ефес со 20 поени, а Бобуа додаде 19.