Реј Ален возел велосипед, за малку ќе загинел…

0Shares
0 0

Еден од најдобрите шутери во историјата на НБА лигата, Реј Ален се спасил од сигурна смрт додека вчера возел велосипед низ својата населба.

Своето непријатно доживување тој го опиша на социјалните мрежи каде објасни што му се случило.

„Вчера, додека возев низ своето соседство, автомобил подзапре додека беше зад мене. Забрзав за да не му пречам, но кога погледнав зад себе, забележав дека веќе ме поминал. Кога се свртев напред, беше предоцна, налетав на гранка на патот, предното тркало се крена и ме исфрли од велосипедот, а слетав на лицето, рамото и колкот.

Станав и ги изодев 100. јарди (околу 90 метри н.з.) до мојата куќа во шок. Кога влегов, го загубив здивот и се онесвестив. Сопругата веднаш ме одвезе в болница за да се увери дека немам внатрешно крварење. Докторите ме прегледаа и направија рентген и се беше в ред.

Фала му на бога што носев кацига на главата бидејќи, како што може да се забележи, аум удрил со главата на земја, а не сум бил ни свесен за тоа. Воопшто не возев брзо, но тлото сепак си го зело својот данок. Кацигата ме спасила“, напиша, меѓу другото, Ален.

Тој е трет легендарен НБА кошаркар кој имаше велосипедска несреќа оваа година, но помина со најлесни последици. На 20 јануари Шон Бредли остана парализиран откако бил удрен од мотоцикл од позадина, а на 28 мај, Марк Итон загина по судир со автомобил.

0Shares
0 0