Репрезентативката Атанасовска има нов клуб во Италија

0Shares
0 0

Македонската сениорска и младинска репрезентативка Матеа Атанасовска претстојната сезона ќе биде член на новиот прволигаш во италијанското првенство Валдарно.

Таа е 11. играч во составот кој наскоро се очекува да биде комплетиран и да ги почне подготовките за новата натпреварувачка кампања. Атанасовска во моментов е на подготовки со М20 репрезентацијата на Македонија со која од 9 до 17 јули ќе настапи на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.

Веќе седум години е во Италија, веќе играше во А1 лигата, во Вигарано, висока е 183 сантиметри и игра на крилната позиција.

„Спортист со големо срце, висока класа и натпреварувачки дух. Можете секогаш да се потпрете на неа и мислам дека ќе биде важен сегмент од играта на нашиот тим“, изјави тренерот на Валдарно, Андреа Франкини.

Валдарно минатата сезона беше доминтнатен во Втората лига југ. Основниот дел од сезоната го заврши со биланс 23/3, а во плејофот победи на сите натпревари.

0Shares
0 0