Крстевски во друштво на Пеце, Врба, Антиќ, Војдан…

0Shares
0 0

Во квалификациите за Европското првенство, капитен на националниот тим беше Војдан Стојановски, во претвалификациите таа функција ја извршуваше Бојан Трајковски, а бидејќи кошаркарот на Пелистер сега не е во конкуренција за настап, селекторот назначи нов лидер на теренот.

Престижната улога ја доби кошаркарот на МЗТ Скопје, Бојан Крстевски кој се нареди до легенди како Јорданчо Давитков, Петар Наумоски, Врбица Стефанов, Перо Антиќ, Војдан Стојановски итн. кои во своите кариери биле капитени на националниот тим.

„Кога ја презедов репрезентација, реков дека треба да почнеме процес на подмладување. Бојан Трајковски има голема заслуга што сме во овие квалификации и јас сум му благодарен за тоа.

Но, она што го следам со години, Бојан не е во најдобра физичка форма, а и време е помладите да добијат вистинска шанса, дури и по цена на резултатите. Крстевски е одличен играч и способен да биде лидер на теренот. Одлуката за тоа е лично моја и цврсто стојам зад неа“, рече селекторот Бајиќ.

Крстевски е еден од најискусните играчи во репрезентацијата, има 32 години и подолго време е стандарден во националниот тим.

0Shares
0 0