Репрезентацијата се собира во Скопје, па веднаш заминува за Маврово

0Shares
0 0

Македонската кошаркарска репрезентација в понеделник (8 август) ги почнува подготовките за стартот на претквалификациите за Европското првенство во 2025 година.

Собирот со новиот селектор Александар Јончевски ќе се одржи во СРЦ Кале, а веднаш потоа селекцијата патува за Маврово каде ќе го одржи главниот дел од подготовките. Таму останува една недела по што заминува за Бар на единствениот подготвителен меч, против учесникот на Европското првенство Црна Гора, закажан за 16 август.

По враќањето, репрезентацијата ќе тренира во Скопје до патувањето во Данска. Дуелот против овој ривал ќе се игра на 25 август, а три дена подоцна на домашен терен ја пречекуваме Словачка.

0Shares
0 0