Реприза од минатата сезона: Бадел ќе го предизвика шампионот

0Shares
0 0

Лидерот по основниот дел од сезоната Бадел обезбеди пласман во големото финале д плејофот во женска конкуренција.

Во вториот натпревар од серијата против Крива Паланка, скопската екипа оствари убедлива победа со 117-61 и оди на мегдан на Баскет Кам кој синоќа ја заврши својата работа со Вардар. Сите кошаркарки на Бадел кои добија минутажа се запишаа во листата на стрелците, а најефикасна беше Ивана Кметовска со 23 поени и само едно промашува од игра (10/11). Кај Крива Паланка се истакна Марта Вуловиќ со 21 поен.

Бадел ќе има шанса да му се одмазди на Баскет Кам и за поразот во ланското финале од плејофот и за неодамнешниот пораз во финалето од Купот на Македонија. Меѓу другото, скопјанки ќе ја имаат и предноста на домашниот терен во финалната серија.

0Shares
0 0