Македонскиот младински репрезентативец Резарт Мемед најде нов клуб во кој ќе ја продолжи кариерата, само еден ден откако со нашата селекција го освои второто место на Европското првенство Б-дивизија во Скопје.
Младиот шутер го напушти тимот на Приштина каде настапуваше минатата натпреварувачка кампања, но сепак ќе остане во косовското првенство. Негов нов клуб е шампионот од 2021 и 2022 година Ули каде ќе има можност дополнително да се усовршува, во веќе позната средина.

Минатата сезона, како член на Приштина, популарниот Рези играше просечно по 15 минути и постигнуваше по 6 поени на натпревар.