Рикиќ на излезна врата од МЗТ, можно е враќање во Еуро Никел

0Shares
0 0

Еден од најдобрите играчи на МЗТ Скопје последната сезона Роберт Рикиќ би можел да биде првиот кошаркар кој официјално ќе си замине од Аеродром ова лето.

Хрватскиот интернационалец имаше договор на една година и во моментов е слободен играч, а нема најави дека ќе биде продолжена соработката со деветкратниот шампион на Македонија. За неговиот придонес во освојувањето на титулата најдобро зборува статистиката: 11,7 поени и 7 скока по натпревар со просечен индекс 17,4, највисок во екипата на МЗТ Скопје.

Рикиќ дојде во Аеродром минатото лето од Еуро Никел и можно е да се врати во клубот од Кавадарци кој очекува потврда на местото во АБА 2 претстојната сезона.

0Shares
0 0