Рикиќ пред потпис со МЗТ Скопје!?

0Shares
0 0

Хрватскиот центар Роберт Рикиќ се наоѓа во завршна фаза од преговорите и само денови го делат од договор со актуелниот шампион на Македонија, неофицијално дознава кош.мк.

Еден од најдобрите странски кошаркари кои играле во Македонија последните години, минатата сезона ја помина во Еуро Никел каде беше меѓу најзаслужните што авадаречкиот тим стигна до финалето од плеј-офот, првпат по пауза од девет години. На 21 натпревар просечно постигнуваше по 19 поени, 11,3 скока и 1,5 асистенција со убедливо највисок индекс од 28,6.

Ако дојде до договор, 219-сантиметри високиот центар ќе биде големо засилување за МЗТ Скопје кој ќе се обиде да ја одбрани двојната круна во домашната кошарка и да избори што подобар пласман во АБА 2 лигата.

0Shares
0 0