Рубио нема да игра на Европското првенство!

0Shares
0 0

Најдобриот играч на последниот Мундобасет, Рики Рубио ќе го пропушти претстојното Европско првенство кое е на програмата во септември.

Шпанскиот плејмејкер доживеа тешка повреда пред две недели кога ги скина вкрстените лигаменти на коленото. Пред неколку дена му беше извршена операција, а докторскиот тим сега прогнозора дека рехабилитацијата ќе трае меѓу 10 и 12 месеци и не постојат услови тој да заигра на континенталниот шампионат. Тоа ќе биде голем хендикеп за шпанската репрезентација имајќи предвид дека играчот на Кливленд Кавалирс секогаш игра на врвно ниво за националниот тим.

Освен тоа, Рубио нема да му биде на располагање на селекторот Серџо Скариоло за квалификацискиот натпревар за Светското првенство против Македонија кој треба да се игра на 1 јули.

0Shares
0 0