Само тројца кошаркари на Работнички постигнаа поени во првото полувреме

0Shares
0 0

Тешка е ситуацијата во најтрофејниот македонски клуб во овој дел од сезоната бидејќи екипата се сведе на само седум играчи.

Некои си отидоа, некои се повредени, странци има петмина, но смеат да играат само четворица. Тоа му ја отежнува работата на тренерот Димитар Мираковски, но проблем е и променливата форма кај некои од кошаркарите.

На денешниот натпревар против Куманово, во првите 20 минути игра, во листата на стрелците се запишаа само тројца. Работнички има негатива од 37-39, а поени постигнаа само Дамјер Питс (19), Љубомир Младеновски (10) и Филип Бундовиќ (8).

Останатите четворица кои се појавија на теренот (Мулалиќ, Ефремовски, Торнтон и Младеновиќ) имаа солидна минутажа, но ниеден не успеа да го погоди кошот. За волја на вистината и немаат многу шутеви од игра, само десет. За споредба, Питс сам има 12 обиди од игра.

Куриозитет е и тоа што Работнички во првото полувреме изведе само едно слободно фрлање кое го реализира Питс.

0Shares
0 0