Сараево домаќин на вториот АБА 2 турнир, ТФТ прв излегува на терен

0Shares
0 0

Од денеска до недела, главниот град на БиХ ќе биде домаќин на вториот турнир од АБА 2 лигата на кој, за разлика од првиот, ќе се играат три кола.

Од македонските клубови, прв во акција оди актуелниот освојувач на Купот на Македонија, ТФТ кој вечерва се среќава со бранителот на титулата во АБА 2 лигата, Златибор. Во дуелот, двете екипи влегуваат во различно расположение, српскиот претставник е со максимален ефект во воведните две кола, а ТФТ се уште ја чека историската прва победа во регионалното натпреварување.

Во рамките на овој турнир, ТФТ ќе игра уште со Крка в среда и Слога Краљево в петок. Вториот македонски претставник Пелистер доби два дена повеќе за подготовка бидејќи својот прв меч ќе го одигра в среда против Широки.

Во преостанатиот дел од турнирот, Пелистер ќе се сретне со две хрватски екипи. Во рамките на четвртото коло, битолчани ќе играат со Осијек, а во петтото со Горица.

РАСПОРЕД НА НАТПРЕВАРИТЕ
ТФТ
21.11.2022 ТФТ – Златибор 21:00
23.11.2022 ТФТ Крка 18:00
25.11.2022 ТФТ – Слога 21:00
ПЕЛИСТЕР
23.11.2022 Пелистер – Широки 15:00
25.11.2022 Пелистер – Осијек 18:00
27.11.2022 Пелистер – Горица 12:00

0Shares
0 0