Савичевиќ дебитираше во НЦАА и беше еден од најдобрите во тимот

0Shares
0 0

Во четвртиот натпревар од сезоната, македонскиот репрезентативец Лука Савичевиќ го забележа својот прв настап во НЦАА лигата.

Неговиот тим Источен Мичиген загуби од Мичиген Стејт, еден од најдобрите во лигата, со 59-83, но радува настапот на 19-годишниот Македонец кој заздраве од повредата и му се стави на располагање на својот тренер. Савичевиќ заврши како четврти стрелец во својата екипа со осум поени, што е одлично со оглед на тоа што на теренот помина само 11 минути.

Погоди две тројки од три шута, а за два имаше 1/4. Играчите кои беа поефикасни од него во тимот на Источен Мичиген, на теренот поминаа 23, 31 и 32 минути.

По четири одиграни натпревари, Источен Мичиген Универзитетот има биланс 1/3, а следен противник му е Западен Илиноис.

0Shares
0 0