Се фотографираа со Ѓоковиќ и го заразиле со ковид!?

0Shares
0 0

Циркусот со фотографирањето по мечот меѓу Црвена Звезда и Барселона минатиот месец завршил со позитивен тест на корона за најдобриот светски тенисер Новак Ѓоковиќ, пренесоа адвокатите на Србинот.

Лидерот на АТП листата присуствуваше на спомнатиот евролигашки натпревар кој се одигра на 14 декември во Белград, а по неговото завршување, тројца кошаркари на Барселона се изгушкаа и се фотографираа со Ѓоковиќ. Следниот ден беше објавено дека Најџел Хејс Дејвис е позитивен, а денеска излезе информацијата дека на 16 декември и Ѓоковиќ добил идентичен резултат.

Покрај Хејс Дејвис, со српскиот ас се фотографираше и Кајл Кјурик, а Никола Миротиќ се прегрна со својот голем пријател.

0Shares
0 0