Се ѝ тргна лошо на Барселона…

0Shares
0 0

Откако дури 13 кошаркари и членови на стручниот штаб на Барселона се заразија со корона, екипата влезе во длабока криза на која не ѝ се гледа крајот.

Прпват оваа сезона Барса е во серија од три порази, сметајќи ги сите натпреварувања, откако вечерва на домашен терен загуби од Милано со 73-75, во рамките на Евролигата. Непосредно пред крајот на 2021 година доживеа пораз од Басконија, во неделата загуби од Манреса во домашното првенство, а вечерва и од италијанскиот вицешампион.

Како последица на тоа, во прашање е доведено првото место на табелата бидејќи Реал е на една победа помалку, со два заостанати натпревара и ако триумфира на нив, ќе го преземе врвот во Евролигата.

Една од причините за резултатите на Барселона е лошата форма на Кори Хигинс кој не успева да се врати по прележаниот ковид. Против Манреса постигна два, а вечерва само еден поен за 16 минути на теренот. „Каталонците“ ги имаа двајцата најефикасни играчи на мечот – Кјурик со 22 и Миротиќ со 18 поени, но ни тие не беа доволни за победа. Серхио Родригес постигна 18 во тимот на Милано кој се зацврсти на петтата позиција со можност да се искачи до третото место ако победи на заостанатиот натпревар.

0Shares
0 0