Само четири пати во историјата, американската репрезентација не го освоила златниот медал на Олимписките игри, во моментов оваа селекција е во серија од четири титули и ќе се обиде да ја продолжи идната година во Париз.
По дебаклот на Светското првенство во Индонезија, Јапонија и Филипини, веднаш почнаа најави за тоа како би изгледал новиот Дрим тим. Во главна улога е Леброн Џејмс кој, наводно, ја почнал иницијативата за собирање на најголемите ѕвезди во НБА и, како што тврдат американските медиуми, успеал да убеди неколкумина од нив кои се ставиле на располагање за Олимписките игри.
Првичниот список кој излезе во јавноста е застрашувачки и сигурно ги прави САД први фаворити за златото. На него има неколкумина од тимот кој играше на Светското првенство, но и такви со по неколку титули во НБА лигата.
Покрај Леброн, на оваа листа се уште: Стеф Кари, Девин Букер, Тајрис Халибартон, Ентони Едвардс, Маркус Смарт, Џејсон Тејтум, Мајкал Бриџис, Кевин Дурант, Бам Адебајо, Ентони Дејвис и Дрејмонд Грин. Не е исклучено списоков да претрпи измени до идното лето, на пример недостасува играч како Дејмијан Лилард, но за тоа најверојатно ќе се одлучува по завршувањето на претстојната сезона во НБА.