Еден од најважните играчи во тимот на Голден Стејт Вориорс, Дрејмонд Грин ја одби опцијата за договор со оваа франшиза за сезоната 2023/24 и одлучи да го тестира пазарот, односно да ги слушне опциите од другите екипи.
Тоа не значи дека сигурно ќе го напушти Голден Стејт, но голема е можноста да се случи такво нешто иако пред крајот на сезоната изјави дека би сакал да ја заврши кариерата во Вориорс. За претстојната година, тој имаше загарантирани 27,5 милиони долари, но очигледно е дека тоа не му е доволно.
Дрејмонд Грин е член на Голден Стејт од 2012 година, а минатата сезона на 73 одиграни натпревари, просечно постигнуваше по 8,5 поени, 7,2 скока и 6,8 асистенции.