Се разделија Гостивар и Димитриевски

0Shares
0 0

По пет години во клубот, младиот кошаркарски стручњак Никола Димитриевски го напушти Гостивар.

Иако на тренерската позиција беше назначен Љупчо Малинков, разделбата е големо изненадување ако се знае дека Димитриевски забележа одлични резултати во финишот од сезоната кога гостиварци бркаа пласман во плејофот и за една победа не успеаја во тоа. Тој не останува ни во стручниот штаб, без разлика што претходно им асистираше и на Марјан Србиновски и на Александар Јончевски.

„Не најдовме заеднички јазик со управата на клубот. Немавме контакт откако заврши сезоната, а потоа само бев известен дека е назначен друг шеф на стручниот штаб. Вчера разговарав со претставник на управата и не постигнавме договор ни за позицијата помошен тренер“, изјави Димитриевски за КОШ.МК.

Летово, тој сепак ќе биде зафатен бидејќи е дел од стручниот штаб во кадетската репрезентација како еден од помошниците на Андреј Апостолски Лечиќ. Оваа селекција од 12 до 20 август ќе учествува на Европското првенство во Скопје.

0Shares
0 0