Се враќа прволигашката кошарка по пауза од две недели, дербито е утре во Кале

0Shares
0 0

Репрезентативните настапи завршија и викендов продолжуваат натпреварите од Првата македонска кошаркарска лига, со деветтото коло.

По три натпревари се играат денеска и утре, а дербито е во СРЦ Кале, в недела од 17 часот се среќаваат ТФТ и МЗТ Скопје. Аеродромци се во серија од седум победи, ТФТ до пред неколку недели исто беше во одлична форма, но потоа претрпе три порази во последните четири кола, па сега е на делба на третата позиција на табелата со уште три екипи.

Интересно се очекува да биде и денеска, на дуелот меѓу Работнички и Кожув. Најтрофејниот тим во земјава е со максимален ефект на домашен терен сезонава, а Кожув се разбуди и е во серија од четири победи што е трета најдолга низа во моментов, по оние на Пелистер и МЗТ Скопје.

0Shares
0 0