Селекторот на Македонија го „испушти“ Обрадовиќ

0Shares
0 0

Екипата на Игокеа доживеа пораз од Партизан со 68-70, во рамките на десеттото коло од АБА лигата.

Гостите триумфираа иако екипата предводена од македонскиот селектор Драган Бајиќ константно беше во водство и пред крајот на третата четвртина водеше и со 14 поени разлика (54-40). На пет минути пред последниот звук на сирената, Игокеа имаше 63-53, но тогаш почна пресвртот на Партизан.

За две минути направи серија од 10-0, подоцна беше 66-66, па 68-68 до 14 секунди пред крајот кога Трифуновиќ од линијата за слободни фрлања го однесе Партизан на +2. На Игокеа ѝ останаа 14 секунди, Волер имаше шут за тројка, потоа и за два, но беше непрецизен и Партизан ја оствари деветтата победа во АБА лигата оваа сезона.

0Shares
0 0