Семејството доби 400 милиони долари од бизнисот на Коби почнат пред смртта

0Shares
0 0

Во февруари се навршуваат три години од смртта на еден од најдобрите кошаркари на сите времиња, а неговото семејство се уште добро заработува од него.

Американските медиуми објавија дека заклучно со 31 октомври, последната година на сметката на неговата сопруга „легнале“ 400 милиони долари од неговиот бизнис што го почна пред смртта. Познато е дека тогаш, за шест милиони евра, влезе во проектот за производство на енергетскиот пијалок Бодиармор кој години подоцна излезе исклучително профитабилен.

Во ноември минатата година, Кока Кола купи 70% од компанијата за 5,6 милијарди долари, а на семејството на Брајант, од акциите кои ги имаше му припаднаа спомнатите 400 милиони.

Според магазинот Форбс, Коби Брајант е при врвот на личностите кои најмногу заработуваат, а повеќе не се меѓу живите. Пред него е само писателот Џеј Ар Толкиен чии наследници добиле повеќе од 500 милиони долари. На листата се уште Дејвид Боуви со 250 милиони, Елвис Присли со 110 милиони, Џејмс Браун со 100 милиони долари итн.

0Shares
0 0