СЕНЗАЦИЈА: Шокантен пораз на Партизан од Студентски Центар

0Shares
0 0

Очигледно емотивно исцрпени од серијата против Реал Мадрид, кошаркарите на Партизан доживеаја сензационален пораз од Студентски Центар на почетокот од нивниот настап во плејофот од АБА лигата.

На домашен терен, „црно-белите“ загубија со 83-84, па ќе мораат во Подгорица да го враќаат брејкот и да се спасат од елиминација во регионалното натпреварување.. Интересно е тоа што ова беше прв пораз на Партизан по серијата од 16 победи во АБА лигата, прв на домашен терен оваа сезона и прв воопшто во 2023 година. Последен беа совладани од Олимпија на 11 декември во Љубљана.

Победата на Студентски Центар е апсолутно заслужена, црногорскиот претставник не се исплаши од големиот ривал и во голем дел од мечот го диктираше темпото и имаше резултатска предност. Во втората четвртина водеше и со 13 поени разлика, но не се деконцентрира ни кога Партизан во последниот квартал поведе со +7 (77-70). Чудни беа неколку одлуки во одбраната на „црно-белите“ кои направија две лични грешки при шут за тројки, а кош не успеаја да постигнат во последните 153 секунди во кои Студентски Центар направи серија од 5-0 и го комплетираше шокот.

Вториот меч од серијата се игра в четврток во Подгорица. Победникот дуелите меѓу Партизан и Студентски Центар во полуфиналето ќе се сретне со Олимпија.

0Shares
0 0