Тројниот последователен шампион на Германија, Алба доживеа сензационална елиминација уште во првата рунда од германскиот плејоф.
Откако во основниот дел од сезоната го загуби првото место од Телеком Бон, тимот од Берлин загуби од Улм со 1-3. Претходните три натпревари ги добија екипите беа во улога на гостин, но Улм вечерва славеше во четвртиот меч до 83-81, благодарение на кошот на Јаго Матеус дос Сантос на десет секунди пред крајот. Маодо Ло со шут за тројка во последната секунда се обиде да ѝ донесе победа на Алба, но беше непрецизен.
Ова широко му го отвора патот кон титулата на Телеком Бон чиј член е македонскиот репрезентативец Ти Џеј Шортс. Во полуфиналето, Телеком Бон е апсолутен фаворит против Лудвигсбург, додека Улм ќе игра со Баерн. Со оглед на формата во која се наоѓа и фактот што е во серија од 15 победи по ред во сите натпреварувања и 20 во германското првенство, Телеком Бон е апсолутен фаворит за титулата. Во 2023 година, оваа екипа доживеа само два пораза и тоа еден од Алба во Бундеслигата и еден од Стразбур во Кошаркарската Лига на Шампиони на ФИБА.