Финалната серија од АБА лигата, меѓу Партизан и Црвена Звезда ќе почне на 13, место на 12 јуни и тоа е дефинитивен термин за првиот натпревар.
Наспроти соопштението на спортскиот директор Зоран Савиќ, Партизан денеска го прифати распоредот предложен од АБА и потврди дека на Звезда ќе ѝ биде домаќин претстојниот вторник.
„По одлуката, која врз основа на своите овластувања ја донесе спортскиот директор Милија Војиновиќ, финалната серија од АБА лигата ќе почне на 13 јуни. Тоа значи дека Партизан, нападот на титулата ќе го почне тој ден, од 20 часот“, стои, меѓу другото, во соопштението од актуелниот вицешампион.
Со оглед на тоа што го освои првото место во основниот дел од сезоната, Партизан ќе ја има предноста на домашниот терен и првите два натпревара ќе ги игра пред своите навивачи. Дефинирани се и термините за другите натпревари од серијата: 15, 18, 20 и 22 јуни.