Иако за него постоеше интерес од неколку евролигашки клубови, македонскиот репрезентативец Ненад Димитријевиќ одлучи да остане во клубот каде играше и минатата сезона.
Според неговиот менаџер, тој потпишал договор со Уникс (минатата сезона настапуваше таму како позајмен играч од Валенсија) и претстојната натпреварувачка кампања ќе ја помине во ВТБ лигата. Договорот е на 1+1 сезона што значи дека идното лето ќе се одлучува дали ќе остане уште една година или ќе бара нов предизвик.
Играјќи за Уникс минатата сезона, Димитријевиќ просечно постигнуваше по 12,8 поени и 5,6 асистенции, а беше прогласен за МВП на финалната серија од ВТБ лигата.