Шампионот рутински низ Гевгелија

0Shares
0 0

МЗТ Скопје го заборави поразот од Пелистер минатиот месец и со убедлива победа ја почна новата година.

Без многу проблеми и повеќе рутински, аеродромци го победија Кожув во Гевгелија со 86-71, чувајќи ги силите за претстојниот напорен период во кој ги очекува турнир од АБА 2 лигата и завршницата од Купот на Македонија. Но, честитки заслужува и Кожув кој се комплетира пред два дена, а сепак даде солиде отпор на големиот фаворит.

Првото полувреме помина во израмнета игра, МЗТ Скопје имаше +6 (36-30 и 42-36), но домаќинот не дозволи повисока разлика. Гостите го засилија темпото во третата четвртина кога го зголемија и водството, а пред крајот првпат направија двоцифрена разлика (63-51). Конечниот удар МЗТ Скопје го зададе кон средината на последниот квартал кога по серија од 19-3 отидоа на 82-62 што беше недостижно за Кожув, а во исто време и највисока предност за гостите на овој натпревар.

Кристијан Николов беше најдобар играч на МЗТ Скопје, постигна 17 поени и осум асистенции, а двоцифрен поентерски ефект имаа уште петмина кошаркари на шампионот. Прв стрелец на мечот беше зимското засилување за Кожув, Тревон Бродвеј кој постигна 28 поени.

0Shares
0 0