Шампионскиот тим на Водно Санс на мегдан со Фенербахче и Анадолу Ефес

0Shares
0 0

Генерацијата 2006/07 (засилена со еден играч, роден 2005 година), која минатата сезона убедливо ја освои титулата во кадетското првенство на Македонија, а триумфираше и во Европската младинска кошаркарска лига (EYBL), денеска и утре ќе биде гости на двата најголеми турски клубови во моментов.

На гостувањето во Истанбул, Партизан Водно Санс ќе одигра пријателски дуели со Фенербахче и Анадолу Ефес што ќе биде исклучително сериозен тест во пресрет на новата натпреварувачка кампања во која скопскиот тим повторно ќе има напорна агенда и на домашна и на меѓународна сцена. Првиот меч, против Фенербахче, се игра вечерва од 19:30, а против Анадолу Ефес утре од 18 часот.

За Истанбул, тренерите Горан Андреевски и Един Имер ги поведоа следните кошаркари: Никола Јаничиќ, Лука Марјановиќ, Коста Ќириловски, Атанасиј Трајанов, Андреј Андоновски, Филип Стојановски, Бојан Бундовски, Марион Лазов, Мартин Индов, Бојан Димитриев, Андреј Белески, Омер Сулејмани.

0Shares
0 0