Центарот на МЗТ Скопје и на македонската репрезентација Бојан Крстевски денеска го слави својот 34. роденден, а не можеше да добие подобар подарок од петтата шампионска титула во својата кариера.
И самиот придонесе за тоа со шест поени за 22 минути на теренот, а секако и со уште една одлична сезона во дресот на клубот од Аеродром. Ова беше негова четврта титула со МЗТ Скопје, а има и една со Работнички, освоена во 2018 година.
Со петте шампионски трофеи, Крстевски се качи неколку места на табелата на најуспешни во македонското првенство и се израмни со легенди како Ѓорѓе Војновиќ, Емил Рајковиќ, Тодор Гечевски итн.