Широки му го нанесе првиот пораз на Пелистер

0Shares
0 0

По двете победи на првиот турнир во Златибор, македонскиот вицешампион Широки со пораз го почна турнирот во Сараево.

Во рамките на третото коло, битолскиот тим загуби од Широки со 73-83 и го расипа максималниот ефект што го имаше досега. Одлучи второто полувреме кое му припадна на Широки, но и неколку сомнителни судиски одлуки во финишот кои му одеа во корист на, условно, домашниот тим со оглед на тоа штпо турнирот се игра во Сараево.

Пелистер го диктираше темпото речиси цело прво полувреме, во петтата минута водеше со 14-6, Широки направи пресврт и дојде до минимална предност, но на крајот на првата четвртина нашиот тим беше тој што имаше водство, 25-22. Вториот квартал беше поизрамнет, ама со кошот на Карутерс на шест секунди пред крајот, повторно Пелистер дојде до предност од 40-38 на големиот одмор.

Во вториот дел Широки ја презеде иницијативата, со серија од 7-0 поведе со 57-50, подоцна и со 60-52, но Пелистер одговори со шест поени во низа за само 60-58 за босанскиот претставник. И така беше се до пет минути пред крајот кога Широки водеше со 67-65. Следуваа седум поени во низа за противникот за водство од девет разлика, како резултат на судиските грешки кои резултираа со нервоза на клупата на Пелистер и техничка на тренерот Илиевски. И покрај се, битолчани продолжија да се борат, но не им беше овозможено во фер-игра да се надеваат на победа.

Сеад Хаџифејзовиќ беше најефикасен во тимот на Пелистер со 20 поени, го следеше Мустафица со 16 и Карпентер со 11. Вториот меч на турнирот во Сараево, македонскиот вицешампион го игра в петок против Осијек.

0Shares
0 0