Кошаркарскиот клуб Шкупи би можел да се врати во елитната дивизија на македонската кошарка ако се остварат плановите и идеите на раководството.
Во моментов, претставници на Шкупи се во преговори со еден македонски прволигаш за откуп на неговото место во Првата лига со што чаирчани би се вратиле во најсилната конкуренција, по неколку години во вториот ранг. Процесот тече добро и се очекува наскоро да се знае епилогот и тоа дали .
Покрај надежта за кам-бек во Првата лига, Шкупи е во преговори и со двајца странски инвеститори кои би требало да влезат во клубот. Станува збор за еден турски и еден американски бизнисмен, но повеќе на оваа тема ќе се знае во текот на август.